Поврзување услуги на myGov

Научете како да поврзувате владини услуги на вашата сметка на myGov за да можете да пристапувате до нив од една локација, користејќи само една лозинка.

Кои услуги можам да ги поврзам?

За да го видите целосниот список, како и начините на кои секоја услуга може да се направи побезбедна и попрактична, посетете ја https://my.gov.au/en/about/help/mygov-account/link-services-to-your-account. Кликнете на која било услуга за да ја посетите нејзината интернет-страница или прелистајте ја страницата за да видите како да ја поврзете секоја услуга со кликнување на нејзиното поле.

Поврзување на услуги на myGov

Како да поврзам услуга?

Секоја услуга ќе ве носи низ чекорите за да ја поврзете со myGov, но, и покрај тоа што секоја услуга ќе има неколку разлики, сите тие го употребуваат истиот основен процес. На пример, подолу се чекорите за поврзување на Medicare.

  1. Најавете се на myGov така што ќе ја посетите https://my.gov.au, ќе ја внесете адресата на е-пошта (email) и лозинката (password) и кодот (code) што myGov ќе ви го прати на вашиот мобилен телефон
  2. Побарајте го делот Поврзани услуги (Linked services section) што се наоѓа во средината на страницата
  3. Кликнете на врската Поврзи услуга (Link a service) или Прикажи и поврзи услуги (View and link services)
  4. Се отвора Менито на Профил (Profile menu) каде опцијата Поврзи услуга (Link services) е веќе селектирана
  5. Најдете ја Medicare во списокот и кликнете на копчето Поврзи (Link) што се наоѓа веднаш до неа
  6. Кликнете на Се согласувам (I agree) кога myGov ќе ве потсети дека Medicare ќе го складира вашето правно име (legal name) и датум на раѓање (date of birth)
  7. Локацијата на Medicare се вчитува автоматски
  8. Имајте ја при рака вашата картичка на Medicare (Medicare card) и следете ги чекорите за да го потврдите вашиот идентитет
  9. Останатите информации што можеби ќе ви требаат може да вклучуваат детали на банкарска сметка (bank account details) (за надоместоци) и детали на други лица (details of other people) кои може да се набројуваат на вашата картичка Medicare
  1. Кога поврзувањето ќе заврши, ќе се вчита вашата страница на сметката на Medicare (Medicare account page)
  2. За да проверите дали поврзувањето функционира, кликнете на Врати се на myGov (Return to myGov) во горниот десен дел на страницата
  3. Ќе се вчита екранот Профил на myGov: Поврзани услуги (myGov Profile: Linked services) и Medicare ќе се прикаже како поврзана услуга.
  4. За да поврзете повеќе услуги, повторете ги чекорите погоре

Како се обезбедува дека моите податоци на myGov се безбедни?

myGov користи дополнителни безбедносни одлики за да ги чува вашите лични податоци побезбедни. Вашето корисничко име и лозинката не се доволни за да се најавите, мора да имате и код (што ви се праќа на мобилниот телефон) или да одговорите на тајно прашање.

Следете ги овие едноставни чекори за да ги заштитите вашите податоци за најавување на myGov:

  • не споделувајте ги податоците за најавување на myGov со никого
  • бидете сигурни дека лозинката за myGov е различна од други електронски сметки
  • не кажувајте ја никому лозинката за сметката на е-пошта што ја користите за myGov
  • заштитете го вашиот мобилен телефон со лозинка или ПИН, така што никој да не може да добие пристап до тајните кодови на вашата сметка на myGov.

myGov исто така ги штити вашите владини услуги. Ако посетите која било услуга, како на пример, Даночната управа (ATO) или Medicare, ќе видите дека можете да се најавите (или пријавите) само ако ја користите myGov.

Наместо да праќаат пораки на вашата редовна пошта, владините услуги ќе пратат предупредувања и потсетници во вашето Дојдовно сандаче на myGov (myGov Inbox). Можете да изберете да добивате текстуална порака на телефонот за да знаете дека пристигнала нова порака.

Секогаш одјавувајте се!

Важно е секогаш да се одјавите безбедно (sign out securely) од myGov. На која било страница на myGov:

  • кликнете на Мојата сметка (My account) во горниот десен дел на страницата
  • од менито што ќе се појави изберете Одјави се (Sign out)
  • ќе се одјавите од вашата сметка на myGov и ќе се појави страница што ќе го потврди ова
  • затворете го прозорецот на прегледувачот кога ќе завршите за да го завршите безбедно одјавувањето.

Откако ќе завршите со користење на поврзаната услуга (како што е Medicare), најпрво кликнете на Врати се на myGov (Return to myGov) во горниот десен дел на страницата. Така ќе се одјавите од услугата, но не и од myGov. Ќе се вчита страницата на myGov и можете да ги следите чекорите погоре за да се одјавите безбедно.